Дани Алвеш е избришан од Барселона

Фудбалскиот клуб Барселона објави дека на Дани Алвеш, кој минатата недела беше осуден на четири и пол години затвор за сексуален напад во Барселона, ќе му биде одземен статусот на клупска легенда. Ова е донекаде очекуваниот исход откако Алвеш со својот грозоморен чин засекогаш ја уништи неговата репутација.

Во својата 125-годишна историја, Барса именуваше 102 фудбалери како легенди на клубот, а последни на оваа листа се најдоа Жорди Алба, Серхио Бускетс и Жерар Пике. Алвеш остави неизбришлива трага во дресот на каталонскиот гигант, забележа 408 настапи за првиот тим, а освои три Лиги на шампиони, три Суперкупа, три титули на Светското клупско првенство, 6 титули во лигата, четири Копа дел Реј и четири шпански Суперкупа.

Тој беше дел од еден од најуспешните години во историјата на клубот, но потегот за кој на крајот беше осуден засекогаш остави дамка на многу успешната кариера.

Се вчитува...