Ужасни вести од Данска: Познат фудбалер падна во кома и се бори за живот

Фудбалерот на Митјиланд, 28-годишниот Кристофер Олсон е итно хоспитализиран откако му се слошило додека бил во својот дом. Искусниот играч од средниот ред, кој има 47 настапи за репрезентацијата на Шведска, е вкулчен на респитатор, соопштија од прес-службата на клубот.

Нагласуваат дека играчот се наоѓа во индуцирана кома, но без дополнителни информации како дошло до оваа несреќа.

„Во позадина на се погласните шпекулации околу причината за отсуството на Крисфер Олсон, се чувствувам принудени да ја известиме јавноста. Тој ја изгуби свеста во својот дом на 20. февруари. Префрлен е во Универзитетската клиника во Архус, каде што е хоспитализиран и се наоѓа на респитарот. Се работи за акутна болест поврзана со мозокот, која не е последица на повреда или надворешни фактори. Тим на водечки дански стручњаци работат под голем притисок да воспостават дијагноза и да започнат вистински третман“, се наведува во соопштението.

Повеќекратниот дански првак додава дека нивниот играч има целосна поддршка и е опкружен со најблиските.

„Клубот бара од јавноста да покаже разбирање и почит, за играчот и неговите најблиски го добијат неопходниот мир и да му обезбедат што побрза рехабилитација. Сите сме длабоко погодени од оваа ситуација, и нашите мисли се со него“, стои во соопштението.

Се вчитува...