Челси почна да ја бара замената за Покетино

Раководството на Челси демантира дека ќе го замени Маурисио Покетино, меѓутоа како одминува времето се чини дека деновите на Аргентинецот се избројани.

Челси варира во формата во Премиерлигата, а го загуби и трофејот во Карабао Купот, откако во финалето беше поразен од Ливерпул со 1-0 во продолженијата.

Според „Дејли Мејл“, Челси веќе почнал контакти со други тренери, во случај Покетино да стане „поранешен“ во следниот период, а тоа ќе зависи од резултатите на тимот. Според изворот, „сините“ во своите редови сакаат да го видат тренерот на Споргинт, Рубен Аморим. Претходно беше објавено дека Аморим е една од опциите за Ливерпул.

Аморим го презее Спортинг во 2020 година, и под негово водство тимот ја освои шампионската титула во 2021 година, потоа два пати Купот на Португалија, и еднаш Супер-Купот.

Се вчитува...