Де Зерби е приоритет за Барселона, но отштетата е проблем

Италијанскиот менаџер и тренре на Брајтон, Роберто де Зерби, останува високо на листата на желби на Барселона за следната недела, но „Каталонците“ немаат финансиски средства да ја платат отштетата која англискиот клуб ја бара за предвремен раскин на договорот, кој му е до 2026 година.

Според информациите, Брајтон бара отштета од 15 милиони евра за Де Зерби, а според информации на шпански „Спорт“, Барселона прави притисок на тренерот за да се намали таа отштета, и да биде не поголема од 5 милиони.

Италијанцот им одговорил на претставниците на Барса дека нема намера да врши никаков притисок врз неговиот клуб за намалување на отштетата, се додека не се увери дека тој е сигурен избор на клубот. Пред него се шпекулираше со имињата на Томас Тухел и Ханс Флик, кои се во предност поради тоа што се слободни агенти.

Се вчитува...