Гринвуд бара да се прекине истрагата против Белингем

Мејсон Гринвуд ги повика челниците на Ла Лига и на фудбалската федерација на Шпанија, да ја прекинат истрагата против играчот на Реал Мадрид, Џуд Белингем поради скандалот меѓу двајцата на нивниот последен меѓусебен дуел.

Скандалот меѓу двајцата играчи избувна на средбата, откако камерите го фатиле Белингем како го нарекува „силувач“ Гринвуд.

Видеото потоа се појави на социјалните мрежи и ги разгоре страстите, и стана повод на истрага за играчот на „кралевите“.

Натпреварувачката комисија на шпанската федерација веќе ангажираше луѓе кои читаат од усни за да се потврдат обвиненијата. Доколку се докаже, тогаш Англичанецот во Реал би можел да биде на „ладење“ четири меча.

„Мејсон изјави дека не сака Џуд да биде казнет, и побара да се откажат од истрагата. Не сака лош публицитет и само да се фокусира на фудбалот. Беше вознемирен веднаш по мечот, но на крајот е свесен дека таквите напади се нормални“, изјави за „Сан“ лице блиско до Мејсон.

Се вчитува...