У-19: Пораз од БиХ на првиот тест во Скопје

Репрезентација на Македонија до 19 години загуби со 0-2 на првиот од двата контролни мечеви против соодветната селекција на БиХ кои се договорени во Скопје.

Првиот погодок противникот го постигна во 43. минута од средбата, кога искористи едно наше невнимание и грешка на нашиот голман. Стрелец на погодокот беше Муамер Хамзиќ.

Во 57. минути, Нико Ковач успеа да издрибла неколку наши играчи и му асистираше на Давид Чамбер кој погоди за 2-0.

У-19 – ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР

Македонија – БиХ   0-2 (0-1)

Македонија: Теодор Николовски, Андреј Аризанковски, Никола Величковски, Фикрет Ливорека, Димитар Данев, Љупче Џеков, Лорик Мухтари, Хадис Таири, Марко Стојилевски, Давор Серафимов, Лорик Каба Јакупи;

Резерви: Петар Јакимов, Максим Славков, Никола Манојлов, Никола Талески, Амир Нухија, Андреј Велков, Дино Михолов, Ѓорѓе Џеков, Донарт Беџети;

Селектор: Тони Јакимовски.

Се вчитува...