Сари искрен: Јас барам едно засилување, тие ми носат друго

Тренерот на Лацио, Маурицио Сари не беше задоволен по новиот пораз на Лацио. Неговиот тим имаше предност од 1-0 на полувремето против Фиорентина, но „лалињата“ во вторите 45. минути направија целосен пресврт за престигнување на табелата.

Италијанскиот стратег беше реален кога говореше за формата на неговиот тим кој потполно потфрли на средбата, но упати и критика кон раководството на тимот кое не ангажира фудбалерите кои тој ги посакува.

„Секој доведува кого сака. Ми се чини дека клубот беше јасен по прашање кој се занимава со трансферите. Ако јас барам играч кој е план А, а тие ме тераат да изберам помеѓу опциите В или Г, тогаш не сум јас тој што носи засилувања.

Тоа сепак не е изговор. Игравме лошо, очигледно дека психички не сме на исто ниво. Ништо не не подигна. Ниту незаслуженото водство, ниту изедначувањето, ниту пак кога губевме… Катастрофална изведба. Дури и во вака лош натпревар очекував подобро. Двајца или тројца играчи имаа симптоми на грип, имаше уште некои кои не тренираа некое време. Нервозата и физичкиот умор прави нозете да ви бидат тешки. За да играме три или четири натпреварувања мораме да бидеме изградени од јак материјал, да имаме цврст карактер“, изјави Сари.

Се вчитува...