Роналдо ја дозна казната за простачкиот гест

Кристијано Роналдо доби суспензија на два натпревари поради простачкиот гест кој го упати кон навивачите на Ал Шабаб по лигашкиот натпревар. Истите го провоцираа скандирајќи „Лионел Меси“, а тој им гестикулираше на меѓуножјето.

Покрај суспензијата од два натпревари португалскиот ас доби и парична казна. Сумата остана тајна, но со оглед на примањата кои ги има во Ал Наср од 200 милиони евра годишно истата нема да го растревожи.

Роналдо ќе го пропушти натпреварите против Ал Хазем и Ал Раед кои се наоѓаат на долниот дел од табелата.

Се вчитува...