Чудо: Рико му се враќа на фудбалот, почнува со тренинзи со ПСЖ

Серхио Рико се покажува како медицинско чудо откако шпанскиот голман најави дека е подготвен за камбек на фудбалот само десет месеци по страшната повреда на мозокот поради која тој мина 19 дена во кома, 36 на одделението за интензивна нега на клиниката во Севилја.

Шпанецот настрада при пад по јавање коњ, по што лекарите за среќа успеаја да се изборат и да му го спасат животот. Тој ја мина рехабилитациската програма во татковината, по што не ја криеше желбата да се врати и на фудбалските терени. Последните информации говорат дека лекарите во Шпанија дале зелено светло, по што Рико допатувал во Париз и последните денови ги минал во тренинг комплексот на својот клуб ПСЖ.

Тој се уште не почнал со тренинзи, за што му треба потврда од клупските лекари и специјалисти, но француските медиуми најавуваат дека тоа е само прашање на време и Рико во следните десетина дена и официјално ќе почне да тренира со остатокот на екипата.

Се вчитува...