Халанд е гол-машина: Пет погодоци во мрежата на Лутон, четири на асистенции на Де Бруине

Манчестер Сити убедливо славеше на гостувањето против Лутон со 2-6 за пласман во четвртфиналето во ФА Купот на Англија, уште еден меч на кој можевме да се увериме зошто Ерлинг Халанд важи за најдобар голгетер во светскиот фудбал во моментов. Норвежанецот го заврши мечот со неверојатни пет погодоци, второ негово вакво достигнување откако е член на Сити откако првиот пат даде пет гола во Лигата на Шампионите против Лајпциг.

Кевин де Бруине се врати откако пропушти два меча на Сити, а белгискиот ас знаеше како да го разигра Халанд, асистирајќи при првите четири гола што големиот ас ги постигна во мрежата на Лутон. Петтиот погодок беше повторно дело на Халанд по само 58 минути игра на додавање на Бернардо Силва, а конечните 2-6 со удар од дваесетина метри ги постави Матео Ковачиќ.

Пеп Гвардиола утрово го критикуваше Џек Грилиш поради слаба форма, вечерва му даде шанса во стартниот тим, но крилниот офанзивец на огромно разочарување заработи нова повреда и мораше да биде заменет уште во првото полувреме.

Се вчитува...