Се поизвесно е дека Килијан Мбапе и Алфонсо Дејвис ќе завршат во Реал Мадрид престојното лето, но „кралевите“ за таа цел ќе мора и да се откажат од некои од играчите, со цел да се обезбедат пари и за плати, да се испочитува и финансискиот фер-плеј, но и да се направи хармонија во соблекувалната, односно да нема незадоволни.
Токму од тука Флорентино Перез ќе ја прифати понудата на Манчестер Јунајтед за бразилскиот крилен играч. Јунајтед понуди 100 милиони евра за Винициус, но Реал Мадрид не планира да го пушти за под 200 милиони евра. Токму од тука тимот од „Олд Трафорд“ се врти кон Родриго.
За десното крило цената е нешто помала – 150 милиони евра, и се чини дека Јунајтед ќе биде подготвен да понуди толку пари, а Перез да прифати и со тоа да инкасира голема сума на пари, кои треба да бидат доволни за Мбапе и за Дејвис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

