Тен Хаг: Кога Антони ќе влезе во форма, никој нема да може да го сопре

Антони за голема сума на пари од Ајакс се пресели во Манчестер Јунајтед. Но, засега е само бледа сенка на она што го играше во тимот од Амстердам. Бразилецот сезонава нема ниту гол ниту асистенција во Премиерлигата.

За него зборуваше менаџерот Ерик Тен Хаг, кој инсистираше на негов трансфер на „Олд Трафорд“. Но, и натаму менаџерот му дава поддршка на играчот.

„Ја има нашата поддршка. Знам дека има капацитет, го видов тоа. Видов во Ајакс дека на 88 меча постигна 24 гола и забележа 22 асистенции, и играше одлично во ЛШ. Тој беше незапирли. Кога ќе биде во топ форма, ниту еден дефанзивец нема да може да го сопре“, изјави Тен Хаг.

Се вчитува...