Гвардиола за неверојатниот Халанд: Не можеше да оди, а сега…

Ерлинг Халанд одигра спектакуларен натпревар во ФА Купот против Лутон. Брилијантниот Норвежанец постигна пет гола за Манчестер Сити во победата од 6-2.

Тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола по мечот одигран во вторникот вечер ја коментираше неговата игра велејќи дека Норвежанецот е нешто посебно.

„Ерлинг не можеше да оди два месеци, а сега погледнете го. Тој е се подобар од натпревар во натпревар. Пресреќен сум што се врати“, изјави шпанскиот стручњак.

Се вчитува...