Украински репрезентативец Михајло Мудрик беше најбараната млада ѕвезда во јануарскиот преоден рок во 2023 година. За неговите услуги борба водеа Арсенал и Челси, а на крајот поуспешни во преговорите беа „сините“ кои за него издвоија околку сто милиони евра со бонуси.
Мудрик не само што не успеа да се наметне во англискиот фудбал, туку воопшто не ги оправда очекувањата на раководството на Челси па неговото место на „Стемфорд Бриџ“ е доведено во прашање.
Челси размислува за негово заминување престојното лето, а и покрај тоа што желбата е да премине во друг клуб како позајмен играч со цел да собере искуство, не се исклучува можноста и за перманентен трансфер.
Во тој случај одново се јавува Арсенал. Микел Артета сака да го види во дресот на својот клуб што би значело нов ангажман од соседот откако претходно „топџиите“ ги засили и Каи Хаверц.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА