Лошата сезона на Баерн Минхен во која славниот германски тим веќе е елиминиран од Купот на Германија, а голема е веројатноста дека по 11 последователни титули во Бундеслигата ќе остане и без нова одбрана на трофејот ќе донесе големи промени во летниот преоден рок.
Незадоволството расте и кај најстандардните фудбалери во тимот како што е Алфонсо Дејвис. Договорот на канадскиот репрезентативец завршува на крајот на следната сезона, а преговорите за продолжување на соработката не се одвиваат во посакуваниот правец и не помага фактот дека е мета на Реал Мадрид.
Баерн Минхен нема да дозволи заминување на Канаѓанецот како слободен играч по истекот на договорот па се очекува да замине од Минхен ова лето. А, Германците целат неговото место да го пополнат со бекот на Ливерпул, Енди Робертсон.
Дваесетидеветгодишникот е дел од Ливерпул веќе седум години. Досега настапи на нешто повеќе од 280 натпревари и освои се што можеше да се освои па раководството на Баерн Минхен се надева дека сака нов предизвик во кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА