Чави Ернандез би можел да остане на кормилото на Барселона уште една сезона, откриваат шпанските медиуми. Раководството на каталонскиот клуб сака да го задржи и за престојната сезона и да го комплетира договорот кој е со важност до јули 2025 година.
Но, и покрај желбата на раководството на тимот, конечната одлука сепак ќе ја има Чави кој пред еден месец најави заминување од тимот на крајот на сезоната без оглед на околностите.
По најавеното заминување Барселона е во потрага по неговата замена, но засега не се гледа адекватен ангажман со оглед на финансиските проблеми со кои се соочува тимот.
Чави седна на клупата на славниот шпански клуб во ноември 2021 година и ја предводеше Барселона до шампионската титула во Шпанија во сезоната 2022/23. При превземањето на тимот му искочи во пресрет на раководството кое и тогаш се мачеше со финансии па се очекува и овој пат да застане на страна на тимот каде што се смета за легенда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА