Кил во драматичен финиш со пресврт го победи ПИК Сегед

Во драматичен натпревар во Унгарија, германски Кил го победи ПИК Сегед со 27-28 во 13. коло од Лигата на шампионите.

Сегед максимално успешно парираше на големиот фаворит. Домашните имаа и предност од 26-25 во финишот на натпреварот, но Кил успеа со пеколни последни минути да стигне до триумфот со пресврт.

Швеѓанецот Јохансон со осум гола беше најдобар поединец кај Кил, а Шостариќ со осум погодоци беше најдобар кај домашните.

Во Групата Б, ГОГ Гудме исто така во неизвесен меч ремизираше (32-32) со Висла Плоцк.

Се вчитува...