Американците не сакаат повеќе бламажи: Со најголемите свои ѕвезди на Олимписките игри во Париз!

Кошаркарот на Бостон, Џру Холидеј треба да биде уште една ѕвезда во „Дрим-тимот“ на САД кој ќе настапи на Олимписките игри во Париз оваа година.

Холидеј беше еден од клучните играчи на тимот кој во Токио донесе златен медал за САД, а водството на американската репрезентација го убедува сега да се приклучи на најголемите ѕвезди кои ќе ја претставуваат земјата во Париз.

Американците не сакаат повеќе да доживуваат бламажи како на Светското првенство минатата година, па затоа на ЛОИ 2024 ќе патуваат во најсилен состав со ѕвездите Стеф Кари, Кевин Дурант, Леброн Џејмс, Џоел Ембид, Џејсон Тејтум, Девин Букер…

Па, токму поради веќе потврденото прифаќање на најголемите ѕвезди, и Холидеј, според последните информации, веќе прифатил да биде дел од репрезентацијата престојново лето на ЛОИ 2024.

Холидеј е кошаркар кој пет пати беше избиран во најдобрата дефанзивна петорка во НБА лигата.

Се вчитува...