Арда Ѓулер требаше да биде големо засилување за Реал Мадрид, но турскиот суперталент речиси и да не добива шасна да ги покаже своите квалитети во дресот на кралскиот клуб досега собирајќи само 92 минути игра за шпанскиот гигант.
Екс-фудбалерот на Фенербахче е видно разочаран, но по последниот дуел против Севилја се решил на неочекуван потег – барајќи состанок со претседателот Флорентино Перез. Анчелоти го остави Ѓулер да се загрева, а по победничкиот гол на Модриќ тренерот на Реал го промени својот став и реши да не го внесе Турчинот во игра.
Младиот фудбалер бил беен од ваквиот развој на настаните, по што веќе следниот ден побарал средба со Флорентино Перез. Тој бил примен од првиот човек на клубот, но Перез останал разочаран кога фудбалерот почнал отворено да говори против Анчелоти и неговите тактички замисли. Ѓулер рекол дека се чувствува изневерено бидејќи бил пред потпис со Барса, а за Реал потпишал поради ветувањата за сериозна улога во клубот, за кои сега гледа дека се обична лага.
Според пишувањата на мадридскиот весник „Ас“, во таборот на Реал Мадрид се разочарани од ваквиот однос на младиот фудбалер, особено што речиси сите млади играчи кои дојдоа во последните три четири години не беа стандардни првотимци во првата сезона по трансферот. Статусот на Ѓулер нема да се промени до крајот на сезонава, а летово може да се случи тој експресно да си замине од Мадрид. Како една од опциите се споменува двогодишна позајмица во Милан, нешто што вроди со плод во случајот со Брахим Дијаз, кој напредуваше во дресот на „росонерите“ пред да се врати назад во Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА