Тен Хаг: Погодивме во вистинско време

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг по пласманот во четвртфиналето на ФА Купот и победата против Нотингем Форест, заклучи дека најдобро е да се постигне гол на крајот од натпреварот.

Јунајтед победи со голот на Касемиро во 89. минута и закажа дуел со Ливерпул во четвртфиналето, а Тен Хаг со нетрпение го очекува овој меч.

„Најдоброто време за постигнување гол беше на крајот од натпреварот. Во саботата почувствувавме што е пораз во судиското надополнување. Постигнавме гол во правиот момент“, изјави Тен Хаг.

Се вчитува...