Роналдо го објасни својот испад: Се е тоа нормално

Напаѓачот на Ал Наср вулгарно возврати на провокациите на навивачите на Ал Шабаб од трибините извикувајќи „Меси, Меси“.

Челниците на Дисциплинската и етичката комисија на фудбалската федерација на Саудиска Арабија го казнија Роналдо за „недолично однесување“. Португалецот е суспендиран на еден натпревар, а неговото објаснување е дека тоа е сосема нормално во Европа.

„Ги почитувам сите клубови. Гестот на радост изразува сила и победа и не е срамен. Навикнати сме во Европа“, изјави Роналдо.

Се вчитува...