Поп Погба си направи неверојатни проблеми и гледа кон крајот на фудбалската кариера, откако доби суспензија поради позитивен допинг тест. Французинот беше позитивен на тестостерон, на тестирањето по првиот сезонски натпревар против Удинезе на кој беше само резерва.
Оттогаш Погба не тренира со Јувентус, беше на привремена суспензија, а според последните информации обвинителството му одреди максимална казна. Погба доби четиригодишна суспензија од фудбалот поради користење на недозволени супстанци. Во овој период се разгледуваше жалбата на Погба, но фудбалерот не успеа да ја докаже својата невиност.
Оваа суспензија многу веројатно значи крај на фудбалската кариера на Пол Погба кој веќе има 30 години, а по четири години надвор од терените тешко дека ќе може да ја пронајде препознатливата форма.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА