Погба: Тажен сум и шокиран, ќе се жалам на одлуката

Францускиот фудбалер Пол Погба реагираше на одлуката на судот да го суспендира на четири години, поради допинг.

Погба излезе позитивен на допинг тест на крајот на август, после меч со Удинезе, а тоа беше потврдено и на тестовите подоцна во октомври.

Играчот се огласи на социјалните мрежи после суспензијата:

„Информиран сум за одлуката на Трибуналот за антидопинг, и сметам дека пресудата е неправедна. Тажен сум и шокиран, срцето ми е скршено затоа што се што градев низ професионалната кариера, сега ми е одземено. Кога ќе можам законски да зборувам, ќе биде објавена вистинската приказна, но никогаш не земав сумплементи со намера да ги кршам антидопинг правилата. Како професионален спортист никогаш не сум направил нешто да го подобрам својот перформанс користејќи супстанци, никогаш не сум искажал непочитување, критикувал спортисти и навивачи на тимови за кои играв или оние кои беа против. Како резултат на денешната одлука ќе се жалам“, напиша Погба.

Се вчитува...