Селекторот на Франција, Дидие Дешамп го каже своето мислење за суспензијата на Пол Погба поради допинг.
Денеска судот изрече казна на четиригодишна забрана за бавење фудбал на францускиот играч од средниот ред, откако падна на допинг тест минатата година.
„Не можам ниту секунда да замислам дека Пол имал намера или желба да зема допинг. Јас не можам да останам рамнодушен на неговта тага, со оглед на нашиот однос и на она што го даде во репрезентацијата. Неговата ситуација ме растажува, и со цело срце верувам дека ќе се реши во негова корист. Има проблем и Пол се соочува со уште една битка да се одбрани пред ЦАС, и да ги убеди судиите дека не земал нелегални супстанци“, рече селекторот на Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА