Искуство плус од мегданот со Шпанките, пласманот на ЕП се уште во мислите… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Женската ракометна репрезентација на Македонија доживеа убедлив пораз на домашен терен од силната Шпанија со 19-31 во натпревар од 3. коло во квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година.

Нашите ракометарките поголемиот дел од првото полувреме го играа речиси во егал со „црвената-фурија“, но некаде таму од 25 минути следеше големиот пад, по кој Шпанките без проблеми ја завршија работата.

Сепак, овој пораз не треба да ги разочара нашите ракометарки, бидејќи работата треба да биде завршена во дуелите со Литванија и Азербејџан.

 

Се вчитува...