Ракометарите на Загреб запишаа повеќе од значајна победа во битката за што подобра позиција за следната рунда натпревари во Лигата на шампионите, триумфирајќи во 13. коло на домашен терен против големиот ПСЖ со 28-26.
Сосема заслужено хрватскиот тим дојде до победата низ подобро второ полувреме, сигурна завршница и храбра игра на крај за заслужени два бода.
Феноменалниот Кларица со 10 гола ги предводеше загрепчани до победата, а Чупиќ заврши со четири погодоци. Кај ПСЖ се издвои Полјакот Сипжак со шест гола.
Кијелце, пак, без никакви проблеми славеше со 31-23 против Колштад. Душебајев со осум гола го предводеше Кијелце до триумфот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА