Кипријановска: Секој меч за нас е меч поблиску до ЕП

Македонската женска ракометна репрезентација загуби, се чини очекувано, во 3. коло од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година, од моќната Шпанија.

Сепак, Јован Кипријановски смета дека натпреварот беше добредојден за проверка на силите против една врвна европска селекција и подготовка на патот кон Европското првенство до кое Македонија е и тоа како блиску.

„Секој натпревар за нас претставува чекор поблиску до Европското првенство, па секој дуел треба да го гледаме како подготовка за настап на ЕП кој верувам ќе го обезбедиме. Знаевме дека Шпанија е одличен противник, но мислам дека покажавме дека можеме да се надигруваме со секој противник. Направивме некои технички грешки кои ќе мора да ги корегираме и мислам дека на следниот натпревар на гости против Шпанија ќе бидеме и подобри“ – ни изјави Кипријановска.

Се вчитува...