Феноменална партија на српскиот репрезентативец Алекса Аврамовиќ и „летечкиот“ Зек Ледеј кои го понесоа Партизан до победа од 100-90 против Анадолу Ефес во 27. коло од Евролигата.
Во пеколна атмосфера во Белград, Партизан сосема заслужено дојде до победата откако ја контролираше играта и резултатот низ текот на целиот натпревар, а овој пат на крилјата на Алекса Аврамовиќ кој блесна посебно во четвртата четвртина кога и целосно се скрши отпорот на турскиот тим.
На крај извонредниот Аврамовиќ заврши со феноменални 30 поени, дополнети и со три скока и три асистенции, а одличен беше и Ледеј со 21 поен и осум скока.
Air Zach✈️ @ZachLeDay32 #KKPartizan #EuroLeague @EuroLeague pic.twitter.com/BUFY12oYWe
— KK Partizan Mozzart Bet (@PartizanBC) February 29, 2024
Кај Ефес се издвои Клубурн со 17 постигнати поени.
Макаби Тел Авив славеше убедливо на гостувањето против Алба Берлин со 71–106, а Виртус Болоња триумфираше против Валенсија со 87-74. Белинели со 16 поени беше најефикасен во победата на италијанскиот тим.
Реал Мадрид на домашен терен загуби со 86-97 од Панатинаикос во дербито на колото. Матијас Лесор со 26 поени и седум скока беше феноменалан кај Панатинаикос, предводејќи го својот тим до победата. Кај Реал најефикасен беше Јабуселе со 18 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА