Баерн Минхен се чини успеа да го врбува Чаби Алонсо, и покрај истакнатата желба од Ливерпул да го ангажира од јуни како свој нов менаџер.
Но, информациите од Германија говорат дека Алонсо ја отворил вратата за ангажман во Баерн што секако е разочарувачка вест за навивачите на Ливерпул кои го гледаа како наследник на Јирген Клоп.
А, Баерн Минхен веќе со напредни чекори оди кон ангажман на Алонсо работејќи и на висината на отштетата која ќе мора да ја плати на Баер Леверкузен, затоа што Алонсо нема излезни клаузули.
Некои информации говорат дека Баерн ќе плати отштета меѓу 15 и 25 милиони евра, најверојатно околу 20 милиони евра што ќе ги задоволи апетитите на тимот од Леверкузен. Договорот на Баер со Алонсо трае до јуни 2026 година, па „фармацевтите“ сигурно нема да го пуштат така лесно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА