Кошаркарите на Партизан синоќа во Белград славеа со 100-90 против Анадолу Ефес со што си ги вратија шансите за место во плејофот од Евролигата оваа сезона.
Пред стартот на дуелот со турскиот тим, навивачите на Партизан, како никогаш досега, со стоечки овации го пречекаа Обрадовиќ на паркетот, притоа и со бројни транспаренти со поддршка за тренерот на црно-белите, покажувајќи дека популарниот Жоци се уште е ненадминлива легенда на Партизан.
Обрадовиќ, пак, по мечот истакна дека за него повеќе не постои друг клуб, и ако не би бил во Партизан во иднина тогаш тоа ќе значи само пензија…
„Големо задоволство за она што го направија играчите со оваа победа, навистина честитки за нив. Ова е тимска победа. Се разбира дека енергијата што доаѓаше од трибините беше нешто многу важно. Горд сум и среќен што фановите извикуваа дека сум еден од нив. Горд и среќен што сум тренер на овој клуб кој најмногу го сакам. Горд и среќен што навивачите го препознаваат тоа. Јас немам повеќе друг кошаркарски дом, или Партизан или пензија. Ако не работам во Партизан, нема повеќе на ни едно друго место да работам“ – истакна Обрадовиќ по мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА