Холандскиот фудбалер уапсен во Дубаи!?

Неколку руски медиуми објавија дека холандскиот фудбалер Квинси Промес е уапсен во Дубаи, откако се враќал од подготовки со остатокот од екипата.

Промес е осуден во Холандија на шест години затвор поради учество во шверц на голема количина на кокаин. Исто така е осуден и на 1,5 година затвор поради напад на член од семејството на фамилијарен соббир. Промес упати жалба и на двете пресуди.

Неколку руски медиуми пишуваа дека постои можност да биде екстрадиран во Холандија, но некои од нив пишуваат дека Промес подоцна со специјален лет ќе се врати во Русија.

Со оглед дека Холандија нема договор за екстрадиција со Русија, 32-годишниот фудбалер досега остануваше во Москва, со цел да не биде вратен во Холандија, каде би бил веднаш ставен во затвор. Меѓутоа истото тоа не вреди во УЕ, и постои договоро помеѓу двете земји за екстрадиција, така што играчот би можел да биде испратен во Холандија, каде што би се нашол зад решетки.

Се вчитува...