Голманот на Реал Мадрид се сели кај Роналдо за 11 пати поголема плата

Украинскиот голман Андреј Лунин, би можел на лето да го напушти Реал Мадрид и да се пресели во Саудиска Арабија. Лунин долго време ја чекаше шансата да биде прв чувар на мрежата, а откако се повреди Тибо Куртоа, се очекуваше Украинецот, конечно, да ја добие својата прилика.

Меѓутоа Реал Мадрид го донесе Кепа од Челси, а тоа го разочара Лунин, кој и покрај тоа што сега во моментов е прв голман на „кралевите“, не може да му го прости тоа, па така е на пат да замине во Саудиска Арабија.

Според информациите, Ал Наср на Кристијано Роналдо сака да го доведе во своите редови. Лунин ќе го привлече платата во овој тим, која ќе биде за 11 пати повисока од онаа во Реал. Во моментов Украинецот заработува 2,8 милиони евра по сезона, а во новиот клуб се очекува да биде околу 30 милиони евра за една година. Доволно причини за Лунин да се пресели во Ал Наср.

Се вчитува...