Фудбалскиот сојуз на Баскија, соопшти дека на 23. март нивната репрезентација ќе игра пријателски меч против Уругвај на „Сан Мамеш“ во Билбао.
Баскија последниот пријателски меч го одигра пред четири години, кога славеше против Костарика со 2-1, а тогаш головите ги постигнаа Икер Муниаин и Унаи Нуњез.
Баскија и Уругвај ги поврзува Марсело Биелса. Сегашниот селектор на Уругвај беше дел од Атлетик од 2011 до 2013, кога го однесе тимот во финалето на Купот.
УЕФА и ФИФА претходно го одбија барањето на Баскискиот фудбалски сојуз да стане независна членка. Последна независна членка е Гибралтар, која стана дел од УЕФА и нејзината репрезентација се натпреварува во квалификациите за СП и ЕП, но и во Лигата на Нации. Засега УЕФА и дозволува на Баскија да игра само пријателски натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

