Де Брујне на лето добива понуда која не се одбива

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Кевин Де Брујне престојното лето би можел да замине од Манчестер Сити и да ја засили европската колонија во Саудиска Арабија, открива инсајдерот Николо Шира.

Засега неименуван клуб од растечкото првенство ќе му понуди неверојатна и многу богата понуда која ретко кој може да ја одбие со важност до 2027 година. Се шпекулира дека на Де Бруине му се нуди плата во рангот на Нејмар и на Бензема, што е неколку пати повеќе од она што го заработува во моментов во Сити.

Белгиецот кој е дел од Манчестер Сити од 2015 година има договор со важност до 2025 година и самиот ќе одлучува за својата иднина. И Манчестер Сити сака да го задржи во своите редови, но останува да видиме дали и во овој случај ќе пресудат саудиските милиони.

Се вчитува...