Пресудата на Дани Алвеш за виновен за силување на 23-годишничка во ноќен клуб на 30. декември 2022 година не само што му донесе четири и пол години затвор туку и му го одзема статусот на легенда на каталонскиот клуб, бар на кратко време.
Веднаш по пресудата името на Алвеш беше отстрането од страната посветена на легендите на клубот, но само неколку дена подоцна Бразилецот одново го најде своето место на листата која брои 102 имиња.
Барселона одново го опиша Алвеш кој до неодмана беше најтрофеен играч во историјата со 43 трофеи како најдобар десен бек во историјата на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

