Де Роси по препородот на Рома: Ако се уште не сме фамилија, ќе станеме

Сезоната за Рома се препороди откако клупската легенда Даниеле де Роси го превзема тимот. Италијанскиот стратег забележа пет победи на шест првенствени натпревари и го врати тимот во игра за излез во европските натпреварувања следната сезона.

Покрај тоа „волчицата“ е и во осминафиналето на Лига Европа каде ја очекува двомеч против Брајтон.

Говорејќи за италијанските медиуми Де Роси беше запрашан да направи споредба со улогата која ја имаше во минатото кога го предводеше тимот со капитенската лента и сега од „жешкото столче“.

„Не се обидувам да направам нешто спортивно во однос на порано, се обидувам да ја водам екипата како и во Спал, што не се разликуа од времето кога бев капитен. Постојат различни улоги и избори. Кога си капитен треба да им бидеш пријател на сите, а кога си тренер, сте пријатели, но мораш 12 играчи да ги испратиш на клупата. Ако се уште не сме фамилија, на вистински пат сме да станеме“, вели Де Роси.

Се вчитува...