Рубљов дисквалификуван бидјеќи го пцуеше судијата на руски

Рускиот тенисер Андреј Рубљов е дисквалификуван во полуфиналниот натпревар на АТП турнирот во Дубаи. Ривал на петтиот светски тенисер беше Александар Бублик, кој беше на гем од победа по пресврт (6-7, 7-6, 6-5), пред мечот да биде прекинат.

Во решавачкиот сет Рубљов имаше брејк предност до осмиот гем, кога Казахстанецот го врати брејкот и успеа да остане во мечот. Амплитудите во расположението на Рубљов се добро познати, но за разлика од вадењето на гневот врз себе како што правеше претходно, овојпат тој реши да го направи тоа кон линискиот судија.

Рубљев се бранеше дека зборувал на англиски и дека не навредувал никого, но тоа не било прифатено и ќе ги загуби сите бодови и пари што ги освои на турнирот во Обединети Арапски Емирати.

Се вчитува...