Актуелниот трикратен шампион во Формула 1, Макс Ферстапен таму каде што застана минатата сезона, продолжи во новата, откако денеска ја освои пол-позицијата во квалификациите за големата награда на Бахреин.
На патеката Шакир, Холанѓанецот до пол-позицијата стигна со време од 1:29.179 минута. Друштво од првиот стартен ред ќе му прави Шарл Леклер во Ферари, додека од вториот стартен ред ќе тргнат Џорџ Расел во Мерцедес и вториот возач на Ферари, Карлос Сајнц.
Во топ 10 уште се најдоа и: Перез, Алонсо, Норис, Пјастри, Хамилтон и Хулкенберг. Трката за големата награда на Бахреин е закажана за утре со почеток во 16 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА