Медведев шокиран во Дубаи

Уго Умбер приреди големо изненадување на турнирот во Дубаи откако по голема битка го совлада првиот носител Данил Медведев, за место во големото финале на овој турнир.

Медведев ја имаше улогата на голем фаворит, но налета на расположениот Французин кој имаше одговор за сите налети на рускиот тенисер. Умбер го доби првиот сет со 7-5, а потоа во раната фаза од вториот стигна до брејк. Медведев со рибрејк се врати во мечот, но Русинот набрзо потоа повторно го загуби сопствениот сервис, по што Умбер славеше со 6-3 и се пласираше во големото финале.

„Играв перфектен меч, можеби и еден од најдобрите во кариерата. Се чувствувам одлично, играм полн со самодоверба“, изјави Умбер по големата победа.

Негов ривал во финалето ќе биде Бублик од Казахстан, кој се пласираше во мечот за трофејот откако Рубљов бешe дисквалификуван поради навредување на судијата во полуфиналната пресметка.

Се вчитува...