Задар ја забележа и 12. победа во рамките од 21. коло од АБА лигата откако тимот на нашиот Адем Мекиќ славеше во хрватското дерби против Сплит со убедливи 77-61.
Фаворитската улога беше рутински одработена, по првото полувреме Задар веќе имаше двоцифрена предност, по што „сино-белите“ доминираа и во третиот период добивајќи го со 19-9. Откако победникот беше решен, гостите успеаја само да го ублажат поразот до поподносливи 16 поени разлика.
Мекиќ мина на теренот 13 минути, период во кој македонскиот репрезентативец постигна пет поени, надополнети со четири скока, две асистенции и една украдена топка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА