Фудбалот не беше во преден план во второто полувреме од синоќешното дерби меѓу Лацио и Милан, што гостите го добија со гол во самиот финиш, а „лацијалите“ го завршија мечот со само осум фудбалери по црвените картони на Пелегрини, Марушиќ и Гендузи.
Тренерот Маурицио Сари воопшто не се појави на прес-конференцијата, но затоа изјава даде претседателот на римскиот клуб, Клаудио Лотито, барајќи одговорност од судијата Де Бело и неговите помошници.
„Кога ќе видите еден ваков натпревар, јасно ви е зошто во последно време се почесто бараме да се најде институција што ќе ги решава ваквите проблеми. Повторно се докажува дека овој систем е неодржлив, но никој не можеше ни да замисли дека ќе ни се случи вакво нешто. Ја минаа секоја граница на нормалното, некој треба да одговара. За фудбалот треба да важат истите правила како и за нормалниот живот, ако некој го прекрши законот, мора да постои некој што ќе го санкционира. Сведоци сме на безброј ситуации во италијанскиот фубал во кои оние што грешат не се соодветно санкционирани, затоа се случуваат вакви работи“, изјави Лотито.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА