Му здодеа да ја чека Шпанија: Асот на Реал Мадрид избра нова репрезентација

Брахим Дијаз ги мина младинските селекции на Шпанија, во 2021 имаше и еден настап за А-репрезентацијата на „црвената фурија“, но асот на Реал Мадрид го загуби трпението чекајќи на него сериозно да се смета па реши да го промени фудбалскиот пасош и во иднина да настапува за друга селекција.

Мароко е репрезентацијата чии бои во иднина ќе ги брани офанзивниот фудбалер, кој во минатото неколку пати ги одби челниците на оваа федерација, но овојпат реши и дефинитивно да заигра за африканската селекција. Дијаз поседува и шпански и марокански пасош бидејќи неговата баба е Мароканка иако двајцата родители му се родени во Шпанија.

Според старите правила на ФИФА настап за сениорска репрезентација значеше и губење на сите шанси за менување на „фудблскиот пасош“. Сепак, тоа во меѓувреме се промени па играчите кои имаат три или помалку настапи на сениорско ниво можат да ја променат репрезентацијата ако поседуват и пасош и државјанство на друга земја.

Токму ова ново правило беше искористено од страна на Дијаз, кој и дефинитивно ја прифатил понудата на Мароко и чека само завршување на процедурата за може да дебитира за новата национална селекција.

Се вчитува...