Чави Хернандез стави крај на шпекулациите дека би можел да го продолжи престојот на клупата на Барселона и по завршувањето на оваа сезона. Тој веќе објави дека иако има договор на уште една година летово ќе си замине од кормилото на каталонскиот гигант, но во текот на минатата седмица пристигнаа информации дека претседателот Лапорта се обидув да го премисли Чави за соработката да продолжи до јуни 2025 година.
Сепак, трофејниот стручњак на денешната прес-конференција пред дуелот со Атлетик Билбао јасно стави до знаење дека тоа нема да се случи.
„Веќе кажав, нема никакви промени на таа тема. Јас не сум човек што се премислува, на крајот од сезонава дефинитивно си одам од Барселона“, децидно порача Чави.
Лапорта веќе ја почна потрагата по нов тренер, а во игра за наследник на Чави се Де Зерби, Флик, Тухел, Мота…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

