ВТОРА ЛИГА: Беса со триумф над Новаци ја чува предноста на врвот, Пелистер сигурен против Каменица Саса

Беса ја чува бодовната предност на врвот од табелата во Втората македонска фудбалска лига откако во 18. коло триумфираше со 2-0 против Новаци на домашен терен. Победа од 2-0 против Каменица Саса во Битола запиша и Пелистер кој е на втората позиција, а ритамот со водечките не може да го одржува Детонит Плачковица.

Водството за Беса го донесе Албан Таипи уште во 1. минута, а конечната победа следеше со голот на Изаир Емини во 88. минута.

Пелистер до победата од 2-0 против Каменица Саса дојде со головите на Благоја Љамчевски во 57. минута и Михаил Талевски во 79. минута.

Детонит Плачковица повторно загуби на гостински терен, овој пат со 2-1 на гостувањето од Арсими, со што не успева да одржи бодовен ритам со водечката двојка на табелата.

Беласица со пресврт триумфираше со 1-2 на гостувањето против Тетекс во Тетово. Тетекс поведе со голот на Марко Софијаноски во 49. минута, но потоа за Беласица погодија Коцев во 69. минута и Љумовиќ во 85. минута за триумф од 1-2. А, победа од 2-1 но пред своите навивачи забележа и Башкими против Осогово.

Охрид на „Билјанини извори“ триумфираше со 1-0 против прилепска Победа со голот на Мартин Нически во 62. минута.

Вардар Неготино го победи Караорман со 2-0, со головите на Флорент Османи уште во 2. минута, и Мартин Нејковски во 75. минута.

РЕЗУЛТАТИ – 18. КОЛО
Арсими – Детонит Плачковица 2-1
Башкими – Осогово 2-1
Беса – Новаци 2-0
Скопје – Кожуф 0-0
Охрид – Победа 1-0
Пелистер – Каменица Саса 2-0
Тетекс – Беласица 1-2
Вардар Неготино – Караорман 2-0

Се вчитува...