Ракометарите на Мулти Есенс во одличен меч го совладаа тимот на Е. Пелистер 2 со резултат 32-28, славејќи против еден од најквалитетните тимови во плејаут натпреварувањето.
Мулти Есенс, кој важи за подмладок за вицешампионот Алкалоид одигра одличен натпревар, контролирајќи го резултатот од самиот почеток. Домаќините имаа и убедливи 17-12 во првиот дел, но гостите од Битола пред крајот на полувремето успеаја да намалат на 17-15.
Тоа беше само мотив повеќе за домашните ракометари да се вратат во ритам од самиот старт на второто полувреме, па повторно да дојдат до убедлива предност од пет, а потоа и од седум гола (25-18). Триумфот беше осигуран, па во финишот дојде до мало опуштање што Е. Пелистер 2 го искористи само да го ублажи поразот.
Костовски и Илиески со по седум погодоци беа најефикасни во победничкиот тим, шест постигна Иваноски, додека прв стрелец на Е. Пелистер 2 беше Мијушковиќ со шест гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА