Лајпциг дојде до победа од 1-4 на гостувањето против Бохум во 24. коло од Бундеслигата, со што ја продолжува битката за место во Лигата на шампионите следната сезона.
Бохум поведе на дуелот со голот на Витек во 7. минута со што само ги налути гостите. Па, откако Олмо во 30. минута израмни на 1-1, најинтересните моменти на дуелот се случија во второто полувреме.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во игра во 65. минута, и во следните седум минути Лајпциг приреди вистински пресврт со три гола.
Најпрво Опенда во 68. минута донесе 1-2, па потоа во 71. минута со автоголот на Ордетс гостите дојдоа до 1-3, а веќе во 72. минута и Полсен постигна гол за конечни 1-4.
Борусија Дортмунд триумфираше на гостувањето против Унион Берлин со 0-2. „Милионерите“ поведоа благодарение на голот на Адејеми во 41. минута од средбата, а Матсен во 90. минута заокружи на 0-2.
РЕЗУЛТАТИ – 24. КОЛО
Бохум – Лајпциг 1-4
Унион Берлин – Борусија Д. 0-2
Мајнц – Менхенгладбах 1-1
Хајденхајм – Ајнтрахт Ф. 1-2
Дармштад – Аугсбург 0-6
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА