Кожув во последната четвртина го скрши отпорот на Вардар

Кошаркарите на Кожув во последната четвртина успеаја да го скршат отпорот на Вардар за триумф од 78-92 во 18. коло од Првата македонска кошаркарска лига.

Низ максимално израмнет натпревар во првите три четвртина, гевгеличани фаворитската улога ја оправдаа во последната четвртина која ја добија со 15-27, за конечна победа.

Претходно, на стартот од последниот период од играта резултатот беше 63-65. Но, со одлична одбрана во последната четвртина и сигурен напад Кожув дојде до победата.

Пен и Марковиќ со по 20 поени беа најдобрите поединци во победничкиот тим, а Вујадиновиќ и Милер постигнаа по 15 поени. Караколев мечот го заврши со 14 поени, два скока и две асистенции. Кај Вардар се издвои Наков со 22 поени и три скока.

Се вчитува...