Скандал во Англија – Гркот Маринакис, газда на Нотингем, ги нападнал судиите по голот на Дарвин Нуњез (ВИДЕО)

Ливерпул во повеќе од драматична завршница со голот на Дарвин Нуњез во 99. минута дојде до гостинска победа од 0-1 против Нотингем форест во 27. коло од Премиерлигата.

Иако главниот судија покажа дека ќе има продолжение од осум минути, пропушти можност да свири крај, па секунди потоа Нуњез постигна гол за победа на Ливерпул. Факт е дека сосема заслужена победа на „црвените“ кои беа подобар противник на целиот натпревар.

Но, вистински хаос настана кога главниот судија отсвири крај на натпреварот. Целата клупа на Нотингем втрча на терен, а Пол Тиерне се ‘размафта’ со картони поради приговори. Освен што на речиси сите од клупата им покажа жолт картон, Тиерне го исклучи и помошниот тренер Стивен Рид.

Сепак, најголемиот хаос го приреди сопственикот на домашната екипа, Гркот Евангелос Маринакис кој, како што тврдат англиските медиуми, ги нападнал судиите најпрво вербално а потоа ги следел се до соблекувалните во подтрибинскиот простор во обид и за физичка пресметка.

A, во тоа време додека домашните ги „бркаа“ судиите остана впечатлива прегратката на Јирген Клоп со херојот Дарвин Нуњез. Клоп очигледно не можеше така лесно да го ослободи Нуњез…

Се вчитува...