Кошаркарите на Чаир 2030 дојдоа до заслужена победа од 89-78 против Гостивар во 18. коло од Првата македонска кошаркарска лига.
Чаирчани во последната четвртина успеаја комплетно да го скршат отпорот на противникот, откако претходно низ првите три периоди се играше максимално израмнето.
Во последната четвртина се влезе со само еден поен предност за Чаир (64-63). Но, низ последните десет минути домашни беа одлични во одбраната што ги однесе до сериозна двоцифрена предност која им ја обезбеди конечната победа.
Какруки со 20 поени беше најефикасен кај Чаир, а Роби заврши со 16 поени, 8 скока и 8 асистенции. Мустафица имаше „дабл-дабл“ од 14 поени и 10 скока, дополнети и со пет асистенци. Кај Гостивар не помогна ниту одличниот Вилијамс кој мечот го заврши со 36 поени.
Со оваа победа Чаир дојде до 13-та победа сезонава, а Гостивар има пет победи и сега 13 порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА