На Торино поништен гол и можност за триумф над Фиорентина

Торино и Фиорентина ремизираа без голови во 27. коло од Серија А.

Домаќините беа поблиску до победата, но во 39. минута по ВАР-интервенција беше поништен гол на Запата кој можеше да донесе три бода за Торино.

Во финишот на првото полувреме Торино остана и со играч помалку откако Ричи во само две минути, најпрво во 45. минута заработи жолт картон, а во втората минута од судиското продолжение поради неспортско однесување доби и исклучување.

Се вчитува...